Зошто треба да пиете вода со лимон?

Сигурно сте слушнале дека многу луѓе го пијат овој напиток, а особено оние кои се занимаваат со фитнес и кои се обидуваат да ослабнат.

Водата со лимон е здрава и ќе ви помогне да се решите од вишок на килограми и да бидете здрави и отпорни, а еве и зошто.

Водата е неопходна за нашето тело да може нормално да функционира и во текот на денот потребно е да внесувате минимум 3 литри вода во вашето тело, а убаво би било ако можете и повеќе. Меѓутоа, конзумирањето само вода може да биде досадно, а помалку и депресивно, па поради тоа многу луѓе пијат напитоци кои се штетни и содржат многу шеќери, што само придонесува до зголемување на килограмите.

Кога во водата ќе ставите лимон, ќе добиете напиток со цитрусна арома, кој во суштина е само вода. На овој начин ќе се залажете себеси дека пиете нешто друго, додека всушност ќе го хидрирате вашето тело и ќе му помагате на организмот да биде поздрав и посилен.

Нутриционистите тврдат дека овој напиток мора да го пиете пред секој појадок на празен стомак, бидејќи после ова ќе јадете помалку храна и на тој начин ќе му помогнете на вашето тело полесно да ги согори мастите и намали килограмите.

Овој напиток се разликува од лимонадата, која во себе содржи цеден лимонов сок, кој може да го оштети желудникот, ако се пие во поголеми количини, па затоа кришка лимон во вода е најдобриот начин за да внесувате повеќе течности во текот на денот.