Зошто уринарните инфекции се почести кај жените?
Добро познато е дека уринарните инфекции се почести кај жените. Една од причините за зголемената инциденца на уринарни инфекции кое важи како генерално правило зошто уринарните инфекции се почести кај жените во секое доба од животот е должината на уретрата која е значајно помала и порамна во однос на мажите. Овој податок дозволува микроорганизмите кај жените побрзо да стигнат до мочниот меур и да предизвикаат уринарна инфекција.
Дополнителен фактор е блиската поставеност на аналниот отвор и уретрата. Неправилното бришење по дефекација ги носи бактериите од цревата директно во уретрата и на тој начин се овозможува развој на уринарна инфекција.
Кога разговараме за жени во репродуктивниот период, кај некои од нив, уринарните инфекции се асоцирани со промената на хормоналниот статус. Поради тоа, некои жени се склони кон уринарни инфекции во одреден период во тек на менструалниот циклус, најчесто пред менструација. Склоноста кон уринарни инфекции се зголемува и кај жени кои употребуваат спермициден гел или дијафрагма како контрацептивни средства.
За време на бременост, каналите на уринарниот систем од бубрезите до мочниот меур се проширени, и затоа урината не може да се дренира доволно брзо. Поради застој на урината и природната имунодефициентност на жената во тек на бременост, таа е посклона кон развивање на уринарни инфекции.
Кај жени во менопауза, ѕидовите на уретрата и мочниот меур се истенчуваат и стануваат посуви со тек на време, состојба слична како по хистеректомија.
Сите овие фактори придонесуваат за образложение и констатација дека уринарните инфекции се почести кај жените во однос на мажите!
М- р. фарм. Лидија Пешталеска Николоска
* ПР - објавафото: freepik.com