Зошто здравственото осигурување е поважно отколку што мислите?
Периодот зад наспокажа дека во тешки времиња најголем предизвик е да се зачува токму она што е највредно: човечкиот живот и здравјето. По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, сакаме да ве потсетиме дека здравјето е најголемо богатство на секој човек, поради што здравствената заштита треба да биде еден од главните приоритети.Токму ова треба да ве мотивира да донесете мудра одлука и да инвестирате во најважното во животот. Покажете одговорност кон себе и членовите на семејството и направете ја иднината побезгрижна.
Честопати не сме задоволни од задолжителното здравствено осигурување бидејќи не може да ги задоволи сите наши потреби - брзината на добивање на посакуваната услуга, изборот на лекар или институција, како и соодветната нега. Лекувањето во приватните здравствени установи е брзо, но ве изложува на високи трошоци.
Од друга страна, доброволното здравствено осигурување е идеално решение бидејќи обезбедува поголеми права и подобра услуга во однос на задолжителното здравствено осигурување.Овој тип осигурување е наменето за секој што сака повисок стандард на здравствена заштита и претставува додаток на основната здравствена заштита гарантирана со Законот за задолжителното здравствено осигурување.
Пакетите за доброволно здравствено осигурување CROCARE што ги нуди Кроација осигурување обезбедуваат брза и лесно достапна медицинска услуга. Тоа значи директно одење на лекар, без бескрајни редици и губење време. Заедно со удобноста и квалитетот на здравствената услуга, посебна предност е обезбедената поддршка во текот на лекувањето и директно плаќање во болниците, кои се дел од партнерската мрежа.
CROCAREосигурувањето е без сопствено учество во штетата, односно 100 проценти ги покрива трошоците за здравствените услуги, кои директно се плаќаат во болниците преку сопствениот Контакт-центар на Кроација. Притоа секој осигуреник, преку својот личен профил на „Моја Кроација“, може онлајн да пријавува и да ја следи секоја штета. Ова осигурување обезбедува и територијално покритие за операции и болничко лекување низ цела Европа.
Постојат неколку CROCARE пакети, кои вклучуваат различно ниво на медицинска заштита почнувајќи од 500 денари месечно. Почетните пакети CROCAREliteи CROCARElite+ вклучуваат болничко лекување и лекување од малигни заболувања, додека основниот пакет CROCARE,како дополна на почетните пакети нуди и специјалистички прегледи во сегментот на превентивната нега. Пакетот CROCARE+ како дополнување на основниот пакет овозможува и комплексна дијагностика, додека CROCARE flexy како дополнување на основниот пакет ги покрива трошоците за набавка на лекови, како и за физикална терапија.
Во сите пакети за индивидуално и семејно здравствено осигурување дополнително може да се приклучи ризикот бременост. За секој од овие пакети осигурувањето може да се плаќа месечно, а заштита се добива за целата година.
Во рамките на CROCARE пакетите за семејно и колективно осигурување може да се склучи и покритие за болничко лекување на ковид-19, првпат достапно покритие на нашиот пазар.
ПР објава