Жртвување кромид за Нова година: Разни традиции во секоја земја
Се смета дека Вавилонците први ја славеле Новата година уште пред 4.000 години. Римјаните исто така. Германците први во 16 век го вовеле обичајот на китење на елка. Во Европа и Америка китењето елка станува популарно во 18 век.
Некои новогодишни симболи опстоиле до денес.
Различни обичаи и верувања
Новогодишната вечер кај многу народи во светот е момент кога сте со најблиските иако секоја земја има различни обичаи и верувања како треба да се подготвите за преминот во неа. Новогодишните обичаи се создадени врз основа на верувања и нивната цел е да донесат среќа и добросостојба во новата година.
Секој народ и секоја земја има различни обичаи и верувања. Секоја земја има по некоја специфичност.
Русија:
Интересен е обичајот во Русија. Луѓето кога ќе се сретнат на Нова година меѓусебно се побратимуваат со гушкање и бакнување.
Стари Словени:
Старите словени на пречекот на Новата година не јаделе месо од животни со перја верувајќи дека имаат крилја со кои би можела да одлета и среќата на идната година. Храната им била многу свечена и обилна со кршење на пченични погачици, а огнот во огништето по никоја цена не смеел да изгасне.
Кина:
Кинезите, пред Нова година ги украсуваат вратите со нешто црвено, бидејќи веруваат дека таа е бојата на среќа и добросостојба. Исто така, 24 часа пред доаѓањето на Новата година ги кријат сите ножеви во куќата, бидејќи ако некој од семејството се исече тоа значи дека семејната среќа ќе биде избркана, пресечена во новата година.
Колумбија:
Колумбијците прават голема машка кукла која што ја претставува старата година и ја полнат со предмети што им будат лоши спомени од годината. На полноќ, ја палат куклата.
Мексико:
Мексиканците својата среќа во новата година ја обезбедуваат со тоа што носат долен веш во боја. Оние коишто сакаат да пронајдат љубов носат црвено, оние што сакаат да се среќни, носат жолто.
Јапонија:
Во Јапонија се смета дека се мора да се прости за во Новата година да се влезе сосема чист. На 31-ви декември ѕвоната на будистичките храмови ѕвонат 108 пати, затоа што така се бркаат 108-те човечки слабости. Исто така, според јапонската традиција, како обврска се смета сексуалниот чин на сопружниците во ноќта од првиот ден на Новата година, а називот во превод значи „прв пат на работа“ и последен сексуален чин во старата година, кој се вика „исплаќање на сметки“.
САД:
Во повеќето краеви во САД свинското месо симболизира просперитет и се јаде со грашок или листови зелка, кои претставуваат хартиени банкноти.
Филипини:
Новата година во Филипини доаѓа со канонада од рачно направени топови од бамбус кои се направени само за да ја „испукаат “ старата година.
Куба:
Кубанската традиција наложува на полноќ да се изедат 12 цитрони кои ги симболизираат месеците во годината, а почитувањето на тој обичај треба да им донесе среќа.
Грција:
Во Грција прославата се поклопува со пресветиот Свети Василије, еден од основачите на грчката православна црква. Тогаш се сервира Василопита или торта на светиот Василие во која се ставени сребрена и златна паричка. Кој ќе ја пронајде паричката посебно ќе има среќа во Новата година. Исто така, на ден Свети Базил децата ги оставаат своите чевли блиску до каминот за да ги наполни светецот со подароци.
Германија:
Германците за Нова година жртвуваат кромид – шест главици ги пресекуваат на половина и ги посолуваат. Секоја половина претставува по еден месец во годината. Потоа кромидот се остава да стои за да можат со негова помош да го предвидат времето. Доколку кромидот се растопи, значи дека месецот ќе биде врнежлив, а доколку солта останала на површината, месецот ќе има сончеви и топли денови. Исто така, пред полноќ на чиниите оставаат малку храна за после полноќ, а на тој начин веруваат дека ќе обезбедат залихи во годината која доаѓа.
Австралија:
Кај австралијанците за Нова година се подготвува свечен ручек кој вклучува сочно печење, како симбол на среќа и благосостојба во наредната година. Задолжително по ручекот се сервира сладолед од ментол во облик на детелина со 4 листа. Исто така, жителите на далечна Австралија старата година ја испраќаат со свирежи, труби, па дури и со црковни ѕвона, а се се одвива на плажа каде што се точи шампањско.
Шпанија:
Во Шпанија, штом отчука полноќ, треба да изедете 12 зрна грозје. По едно за среќа во секој месец од годината.
Велика Британија:
Британците ја проценуваат среќата во новата година според гостите кои први ќе им стапнат во домот. Ако тоа биде маж кој има подарок, на среќата и нема крај, но ако тоа биде жена и тоа со празни раце – тогаш не се надеваат премногу.
Норвешка:
Норвежаните за Нова година јадат пудинг од ориз во кој кријат по еден бадем. Пудингот се сервира во голем сад, од кој се вадат парчиња. Се верува дека на личноста на која ќе и се падне бадемот, ќе ја следи среќа и богатство.
Франција:
Во Франција до ден денес е сочуван обичај кој потекнува од старите Римјани. На Нова година се посетуваат познаници и пријатели и им се даваат дарови. Многумина сметаат дека цела година ќе имаат полн паричник со пари, ако крлушка од силверстерски шаран го стават во паричникот, или пак рибата ја изедат.
Холандија:
Холанѓаните за нова година подготвуваат печени крофни бидејќи веруваат дека тоа носи среќа.