МЕРКЕЛ СЕ ПЛАШИ ОД КУЧИЊА: Пет интересни работи за најмоќната жена во светот
Ангела Меркел, една од најмоќните жени во светот, има 65 години. Сите знаат што значи името на Ангела Меркел во политиката, но постојат и интересни особини и односи кои ја следат во животот. Еве ги можеби најинтересните пет од нив.
1. Се може да почека, но не и сонот
Меркел за време на падот на Берлинскиот ѕид била на свечената прослава со своите другарки од „западната“ страна на градот, но само кусо славела и веднаш си заминала дома за да спие. Причината е тоа што таа секогаш сака добро да се изнаспие и секога навреме си легнува.
- Не сакам со главата да треснам во бирото - рекла во една прилика таа.
2. Има голем страв од кучиња
Се верува дека Меркел има фобија од кучиња. Тоа добро го знаат оние што се бават со нејзината биографија.
Дури и рускиот претседател Владимир Путин не останал рамнодушен на ова и сакал во една ситуација при една средба лично да го провери тоа. Со себе го повел црниот лабрадор при една заедничка средба во 2007, а „Владетелката на Европа“ се вознемирила и се налутила.
- Разбирам зошто го направи тоа, за да докаже дека е маж. Тој стравува од своите сопствени слабости - рекла потоа Меркел за Путин.
3. Невербална комуникација со врвот на прстите
При своите говори четирикратната германска канцеларка секогаш ги допира врвовите на своите прсти и образува форма на дијамант.
Според толкувачите на невербалната комуникација, тоа е симбол на спокојство и сила.
Овој симбол нејзината матична партија го вметна на рекламен предизборен билборд со порака „Иднината на Германија е во сигурни раце“.
4. Чудни надимаци
Меркел се уште го носи презимето на сопругот од првиот брак, но има и надимаци кои понекогаш би звучеле чудно.
Како мала од нејзината таткова фамилија ја нарекувале „Каси“, а кога влегла во политиката сопартијците и дале прекар „Мути“, што е блиску до значењето на зборот „Мама“. Помодерен надимак и е „Енџи“.
5. Нејзиниот сопруг е „Фантомот од опера“
Нејзиниот актуелен сопруг Јоаким Зауер, со кого Меркел се омажи на 20 години, се разведе па повторно се пре-мажи, го нема никаде во јавниот живот и речиси никој не може да го види, освен што се знае дека е професор по хемија.
Медиумите го нарекуваат „Фантомот од опера“ затоа што за прв пат јавно со Меркел е виден на еден оперски фестивал.