По трансродовата убавица се заљуби во манекенка, но сите се немоќни пред неа: Која е жената на која Мбапе не знае да и каже НЕ!?
Таа со години беше негова најголема поддршка и личност која постојано предизвикува изненадување и восхит во јавноста.
Фудбалерот Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, а освен работата често е во центарот на вниманието и поради приватниот живот.
Освен за неговиот многу возбудлив љубовен живот, за Мбапе често се пишува и поради една жена која е одговорна за тоа што тој дојде на прво место во светот. Најголема поддршка секако му е неговата мајка Фајза Ламари, но и некој на кој фудбалерот не знае да му каже „не“.
Таа е многу силна жена, и за многумина најдобар преговарач и личност која го вивна Килијан директно кон ѕвездите. Сепак, медиумите често пишуваат за неа како личност која кога ќе реши да направи нешто не се откажува од тоа.
Подеднакво се придржува до своите одлуки кога е нејзиниот син во прашање, па неодамна медиумите пишуваа како го уценувала синот барајќи од него да издвои 30 отсто од платата за хуманитарни цели и да им помогне на децата кои се и талентирани за спорт.
Најпрво сакала тоа да бидат 50 проценти, но кога фудбалерот се побунил, тие некако успеале да ја доведат таа бројка на 30 проценти. Фајза не сакала да слушне за тоа, но му се заканила дека ќе се пензионира и повеќе нема да го застапува.
На Мбапе не му останал друг избор освен да ја прифати понудата на неговата мајка.
Освен неа, Килијан Мбапе често е во центарот на вниманието на јавноста и поради неговиот многу возбудлив љубовен живот. Имено, медиумите неодамна пишуваа дека тој е во врска со Инес Рау, алжирска трансродова манекенка која го променила полот на само 16 години.
Не поминало долго пред да започнат шпекулациите во јавноста дека тој во исто време бил со друга девојка, Роуз Бертрам. Откако вистината излезе на виделина, Мбапе ја продолжи врската со Роуз.
Иако се пишуваше дека лудо се вљубил во белгиска манекенка, тој јавно не призна ниту една од тие врски.
Многумина веруваат дека и неговата мајка бара многу и дека всушност е неопходно неговите девојки да ги поминат нејзините строги критериуми за да добијат можност прво да се претстават на семејството, а потоа и на светската јавност.
Фото: ИнстаграмИзвор: Glossy.espreso.co.rs