Шок над шоковите: Во конзервирани кисели краставички пронајдени траги од парацетамол
Платформата за заштита на потрошувачи „Halo, inspektore“ ја вознемири јавноста со информација дека во кисели краставички на брендовите Droga и S Budget е откриено присуство на парацетамол – што е прв ваков случај во Европа.
Словенечката Управа за безбедност на храна, ветеринарство и заштита на растенија (UVHVVR) пронашла парацетамол во поединечна пратка неварени краставички од Индија, наменета за понатамошна преработка. Целата количина од 15.200 килограми е задржана и ќе биде уништена, а производите не стигнале до потрошувачите.
Лабораториските анализи потврдиле концентрација од 28,6 mg/kg парацетамол, по што Словенија ги известила земјите членки на ЕУ и Европската комисија. Како мерка на претпазливост, се контролираат и други слични производи како кисели пиперки, цвекло, кромид и печурки.
Се работи за Droga кисели краставички 670 g (лот: 25B016) и Spar краставички 670 g (лот: 25B0162), произведени од Ahac d.o.o. Одговорните органи засега немаат информации дека производите се појавиле на пазарите во други земји, вклучувајќи ја и Хрватска, но не ја исклучуваат таа можност.
Причината зошто е додаден парацетамол сè уште не е позната, а експертите предупредуваат дека станува збор за неовластена практика во трети земји. Потрошувачите се повикуваат да не ги консумираат овие производи сè додека не се добијат нови резултати од анализите.
Извор / Freepik