Ѝ се заканува тужба: Новинарка објави видео снимка од разговорот со Роналдо во кое ја кани на вечера (ВИДЕО)

Во последните денови на социјалните мрежи кружи видео од наводен случаен разговор меѓу арапска новинарка и фудбалерот Кристијано Роналдо.

Халима Боланд е новинарка која за кратко време стана многу популарна откако наводно ја повикал Кристијано Роналдо, а се` објави на социјалните мрежи.

Набргу потоа се појавија информации во кои се тврди дека разговорот воопшто не се случил, а гласот на Роналдо е монтиран од снимката.


Некои арапски медиуми тврдат дека на новинарката и се заканува тужба од клубот на Роналдо, а на следното видео таа објави видео на кое тој дури ја кани на вечера после тренинг.


Наводно, против Халима веќе е поднесена тужба поради злоупотреба на вештачката интелигенција, додека таа тврди дека ништо не злоупотребила, па дури и го покажала бројот на фиксниот телефон каде се гледа името на јавувачот.

View this post on Instagram

A post shared by Halima Boland حليمه بولند (@halima.bouland)



„Го почитувам фудбалскиот клуб Ал Наср и сум голем фан на Кристијано Роналдо, но морав да одговорам на сите лажни обвинувања против мене“, изјави Халима.