Жените на македонските политичари: Скромни, убави и модерни
Секојдневново јавноста ги гледаме политичарите, особено оние кои се поактивни. Но, што е со нивните поубави половини? Како изгледаат тие, дали си одговараат визуелно со сопружниците?
Некои политичари вешто ги „кријат“ партнерките од очите на јавноста, други немаат таков „проблем“.
Бујар Османи, политичар од редовите на ДУИ, скоро секој ден е присутен во медиумите поради своите работни обврски, а не ретко на социјалните мрежи споделува фотографии од децата и својата сопруга, Валбона.
Парот има две деца, ќерка и син. Убавата
Валбона има прекрасни кристално- сини очи, секогаш средена руса коса и е
една од најубавите сопруги на нашите политичари.
И
девојката на Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Соња Тодорова е русокоса
убавица. Партнерката на Димитар Арсовски по потекло е од Струмица, но
девојката веќе неколку години живее и работи во Скопје.
Во март годинава,
свадбена веселба направи и Потпретседателот на СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој со својата избраничка Андријана минатата година во октомври стапија
во граѓански брак во интимна атмосфера.
Сопругата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не сака многу да се експонира во јавноста. Таа може да се забележи во медиумите најчесто кога го придружува сопругот на важни настани. Од нејзините појавувања може да се забележи дека станува збор за дама со изграден стил и вкус за мода.
Рози Мицкоска е вистинска дама, русокоса убавица која секогаш е со средена коса. Елегантна и префинета.Костадин Костадинов, Портпаролот на СДСМ сподели неколку фотографии од неговата понежна половина со која се во врска од неодамна.
Девојката на Костадин по потекло е од Битола, а парот живее заедно во Скопје. Марија Десанова е бринета, а бојата на нејзината коса се вклопува совршено со нејзиниот тренди стил.Фото: Фејсбук и Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Зависници од адреналин: Костадинов и Димовски релаксирано после избори