Тренд // Стил
Како близнаци, ама од различни партии: Портпаролите се облекоа скоро идентично

Вчера, во емисијата „Клик плус“ на тв. 21, гости во студито беа портпаролите Костадин Костадинов од СДСМ и Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ. Со различни ставови по многу прашања, но со скоро иста облека. Како да се синхронизирале пред емисијата и си се консултирале што да облечат.
И двајцата важат за едни од најубаво облечените политичари. Па, за оваа пригода се одлучиле за костум во темна боја, бела кошула, часовник задолжително, па дури и бојата на вратоврската со идентична големина беше во слична виолетова нијанса.
За да не се претопат во кадар, водителот во средина ја разби монотонијата со неговиот изглед.