Зошто Јапонците возат нови автомобили не постари од 3 години

Се мисли дека Јапонците возат автомобили не постари од три години поради неоправданите даноци за постари коли, но според друга теорија во земјата на Изгрејсонцето е толку многу напредната технологијата што нема како граѓаните да се возат со постари автомобили.

Која е всушност причината што јапонците ги менуваат колите често?

Најпрво за да купиш автомобил во Јапонија треба да приложиш документ со кој ќе потврдиш дека поседуваш паркинг место на домашната адреса.

Износот на годишниот данок не зависи од возраста на автомобилот, туку од обемот на моторот. За мотори со кубен капацитет до 1,0 литар , данокот изнесува 29.500 јени, или 245 евра.

Ако обемот на работа на моторот е помеѓу 2,5 и 3,0 литри, данокот се искачува на 51 000 јени  или 424 евра, додека ако работата на моторот е со капацитет меѓу 4,5 и 6,0 литри на 88 000 јени, или 732 евра. На автомобили  со возраст над 13 години, ќе им бидат наплатени дополнителни 10%, но оваа сума тешко може да го премисли  Јапонецот да го замени постоечкиот автомобил со нов.

Вистинската причина за купувањето на нови автомобили во Јапонија е всушност вкоренето во локалниот систем на технички надзор, наречен „шакен“.

Овој вид на технички надзор треба да ја провери исправноста на брзините на моторот, и да пронајде нелегитимни модификации. Но, исто така овој технички надзор функционира и како економски стимул кај Јапонците за купување нов автомобил.

„Шанкен“се спроведува на секои две години и воопшто не е евтино задоволство.

Даночниот обврзник , сопственикот на автомобилот мора да плати државни даноци - данок на тежината, продолжено осигурување за две години и фиксен данок за обработка на податоците. Вистинскиот технички преглед на возилото се наплаќа отделно, како и проценетите трошоци за доведување на колата  во пристојна возна состојба, како и за поправка.

Така, цената за „шанкен“ може да биде поголема од 100.000 јени , или 832 евра. Токму овие дополнителни трошоци на техничкиот надзор, е причина плус Јапонците да се одлучат да купат сосема нов автомобил, наместо да плаќаат огромни суми за втор технички надзор.