10 добри причини зошто читањето ќе ви биде од корист
Колку пати некој ви кажал дека читањето всушност е здраво? Да, добро прочитавте. Читањето го поттикнува мозокот да се развива и побрзо да работи, но влијае и на менталните способности, расположение и чувства. Дали се тоа е вистина?
Зошто таа навика е добра?
Ви донесуваме десет причини поради кои треба да читате барем една книга месечно.
Знаеме дека ви изгледа неверојатно дека некој одлучил да ве убедува да читате книги, кога вие и сами знаете зошто тоа треба, но сетете се, кога последен пат прочитавте книга? Еве ја листата причини со која ве потсетуваме на користа од читањето.
1. Читањето ослободува од стрес
Најнови истражувања покажале дека најефикасен начин да се спасите од таложење на стресот, а во споредба со шетањето, музиката или пиењето кафе е Читањето.
2. Ефикасно против несоница
Читањето се покажало како еден од ефикасните начини за решавање на проблемот со несоница.
3. Читањето развива чувство на емпатија
Додека читате книга, посебно кога се работи за измислени настани и ликови, во состојба сте да извршите трансфер на емоции и да се поистоветувате со ликовите.
4. Ја забрзувате работата на мозокот
Научни истражувања направени на Универзитетот во Еморија покажале дека со читање нови книги, станувате попаметни. По прочитана книга, мозокот во наредните денови анализира, а научници тврдат дека со читањето се забрзува работата и се зголемува капацитетот за спознавање и примање нови информации и податоци.
5. Книгите за самопомош навистина помагаат
Според последни истражувања на неформални групи психолози, психијатри и терапевти, читањето станал најефикасен начин во борба против клиничка депресија.
6. Читањето ве прави попривлечни
Интелигентна, елоквентна, и образована личност е попривлечна за околината, без разлика на полот. Лицата кои се во состојба да разговараат за се и секогаш имаат тема за дискусија, привлекуваат повеќе внимание во друштвото. Читајте, збогатете го умот и станете ѕвезда во друштвото.
7. Појасна визија, цел и надминување на животни тешкотии
Истражувачи од Универзитет во Охајо одговорно тврдат-колку повеќе читате толку повеќе се спознавате сами себе. Што значи тоа во пракса? Читањето може да ве мотивира за нови работни задачи и поставување на цели.
8. Луѓе кои сакаат да читаат се подружељубиви
Анкети направени на социјалните мрежи покажуваат дека луѓе кои редовно читаат се склони да поминат повеќе време во друштво и активно да учествуваат во различни културни активности. Почесто следат настани во околина, одат на кико, театар и полесно запознаваат нови луѓе.
9. Читањето значи и подобро памтење
Баш како што редовно вежбате да го одржите телото во форма, така и читањето е одржување на добра кондиција на вашиот ум. Со секоја нова прочитана информација вие сами се терате да размислувате повеќе и брзо да реагирате.
10. Го збогатувате фондот на зборови
Читањето е корисно на повеќе нивоа. Со секоја нова книга која ја прочитате доаѓате до нови зборови и термини, а кои не се користат во секојдневниот говор со колеги на работа или другарки додека пиете кафе.