100 гости на свадби и прослави, целосно укинување од утре на полицискиот час: Владата денес ќе решава за овие препораки од Комисијата за заразни болести
Од Министерството за здравство информираа дека вчера во земјава пристигнале 12 870 дози од вакцината „Фајзер” од редовната пратка која ја добиваме секој понеделник, од кои 8190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер”, а 4680 се во рамките на програмата „Тим Европа” (Team Europe). Во земјава денеска се очекува да пристигнат и 20 000 вакцини на „Астра Зенека”, донација од Грција.
Инаку, целосно укинување од утре на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица, се новите препораки кои вчера ги донесе Комисијата за заразни болести и ги прифати Главниот координативен ковид-19 кризен штаб, а се очекува денеска на својата седница да ги усвои Владата.