10.000 МАКЕДОНЦИ - толку лани успеале да се подноват со нова кола, другите морале да се задоволат со „половњаци“
Десет илјади Македонци. И тоа можеби не се сите тие поединци, туку дел се и фирми или државни институции. Битно е дека само толку нови возила биле купени од македонските граѓани во текот на минатата година, што за волја на вистината, пак, е многу повеќе од претходната 2022 година.
Царината ги објави бројките на увезени возила за минатата година, и тие говорат дека лани, за сите 12 месеци, во земјава влегле 9.999 нови автомобили.
Повторно тие се многу помалку од употребуваните, чии број изнесува 33.213 коли, значи за над три пати повеќе. Тоа покажува дека Македонецот и натаму преферира да вози користен автомобил, бидејќи, колку и да скокна цената на „половњаците“, тие се сепак многу поприфатливи за нашиот граѓанин.
Наспроти тоа, за споредба, во претходната 2022 година, биле набавени 8.790 нови „убавици на четири тркала“, наспроти 23.381 употребувани автомобили.
Значи, Македонците во 2023 година, набавиле вкупно 47.050 возила, наспроти 35.458 илјади во 2022 година. Значи, лани сме набавиле за над 11 илјади возила повеќе во споредба со 2022 година, а растот многу повеќе се должи на употребуваните возила.
Целиот текст на ФАКТОР