21 година во брак, две посвоени ќерки: Бракот на Сергеј и Кристина Ќетковиќ
Познатиот пејач Сергеј Ќетковиќ веќе 21 година е во брак со сопругата Кристина, за која признава дека и бил љубоморен на почетокот на бракот.
Брачната двојка посвои две ќерки, Лола и Мила и создадоа цртан филм кој се вика токму како нив. Ниту Кристина, ниту Сергеј не криеја дека родителството ги смени на подобро.
- Животот пред децата беше период во кој се обидовме да имаме деца, и тогаш си бевме еден на друг најголема поддршка. Нашата комплетна љубовна приказна се заокружи кога Лола и Мила влегоа во нашите животи. Преку мојот јавен настап се обидувам да го промовирам тој култ на семејство, затоа што ми се чини дека тоа е основа за цврст, темелен и здрав живот. Живееме во чудни времиња, сите сме толку себични што во најголем дел размислуваме за себе. Дури и оние што имаат семејство како да немаат време да се занимаваат со блиските. Денес, времето е најголем луксуз, да се има време за себе и оние што ги сакате е благослов. Исчезна оној прекрасен обичај да се руча и вечера на иста маса. Барем таа институција од неделниот ручек требаше да остане, кога се споделуваат емоциите, проблемите се решаваат, се ужива во добро расположение - порача Сергеј еднаш за списанието „Глорија“, а Кристина се согласи со него.
- Нашите животи се променија радикално, откако ги посвоивме девојчињата. Се обидуваме да бидеме најдобри родители, да ги научиме на вистинските вредности, да бидеме добри луѓе, да не прават ништо на никого што не би сакале некој да им прави, дека љубовта, убавиот збор и прегратката се поважни од сè - додаде Кристина Ќетковиќ за истото списание.
- И ние имавме тешки моменти, како и сите двојки, но љубов никогаш не ни недостасувала - раскажа тој.