3 работи кои никогаш не смеете да ги правите во автомобилот со мануелниот менувач
Лошите навики можат да ве доведат до сериозни штети..
Рачниот менувач
на брзини, за многумина претставува единствената опција при приликите за
купување на нов автомобил, бидејќи им овозможува супериорно чувство при
возењето во однос на автоматскиот менувач.
Сепак, одередени навики многу лесно можат да доведат до прерано оштетување на менувачот на брзини. А во продолжение се најлошите:
1. Никогаш не ја одмарајте раката на менувачот
Ова не го знаат многу возачи, но постои многу силна причина зошто инструкторот за возење ви кажал и двете раце да ги држите на воланот. Многу возачи имаат тенденција да ја одмараат раката на менувачот при менување на брзините,меѓутоа ова може знајачно да го оштети менувачот.
Механизмот на менувачот на брзини е многу осетлив, а притисокот кој му го правите додека ја одмарате раката, колкуѕ и малку да ви се чини, може дополнително да ги оптерети сите компоненти. Во најлош случај може да дојде до негово кршење.
2. Никогаш не ја одмарајте ногата на педалото за кочење
Оваа навика може многу лесно да доведе до претерано трошење на дискот, за многу краток период. Со одмарањето на нозете вршиме притисок на педалото и неговите компоненти.
За да го избегнте сето ова, проверете го вашето седиште како ви е наместено. Ако не е наместено како треба, тоа може да е причината што несвесно ја држите ногата на педалото, дури и кога не треба.
3. Никогаш не држете го автомобилот во брзина додека чекате на семафор
Возењето низ град подразбира и помин низ десеттина семафори, а редовното стискање на педалото за кочење кога чекате да се појави зелено светло може значајно да го оштети или истроши вашиот менувач на брзини.