35 степени, Македонија загадена: Воздухот не е чист во неколку градови
Нема мир дури и на лето. Повторно се соочуваме со загаденост на воздухот, а тоа овој период е крајно опасно.
Мислевме дека летото ќе стави крај на загадувањето, но не е така, барем според податоците... Пациентите со срцеви и белодробни заболувања најпогодени
Вчерашните извештаи за загадувањето на воздухот со ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките покажаа дека воздухот е многу загаден. На повеќе мерни места бројките покажуваат загадување повеќе од 100, а максимално дозволената концентрација е 50.Слична е мапата и во повеќе градови низ земјава каде со црвена боја се обоени Велес, Тетово, Гостивар, Лазарополе, Струмица, Кичево и Битола.
Нејасни се причините за ова, бидејќи летото само што почнува, температурите се околу 35 степени, а намалено е нивото на сообраќај низ градовите, велат активистите и ги повикуваат надлежните итно да излезат на терен и да проверат.