5 намирници за силна ерекција и еректилна дисфункција
Овошјето и црвеното вино можат да го намалат ризикот од еректилна дисфункција, откриваат новите студии на научници од Велика Британија.
Истражувачите испитувале и набљудувале 25.000 мажи во период од 10 години, а нешто повеќе од една третина од мажите развиле еректилна дисфункција за време на периодот на студирање.
Сепак, мажите кои признале дека јаделе повеќе од три порции неделно од овие пет клучни намирници имале 19 проценти помалку шанси да развијат еректилна дисфункција отколку оние кои не ја јаделе оваа храна.
Петте намирници што треба да ги јадете се: бобинки, портокали, црвено вино, јаболка и круши.
Флавоноидите, состојки од овошје и зеленчук, се одговорни за зголемување на моќта на пенисот, вели авторот на студијата, Един Касиди, директор на одделот за исхрана на Медицинскиот факултет во Норич.
Кај повеќето пациенти, кои страдаат од еректилна дисфункција, откриено е дека болеста се развила поради недоволен проток на крв во пенисот.
Некои флавоноиди можат да ја подобрат циркулацијата на крвта со тоа што ќе ги направат артериите пофлексибилни и ќе ги отворат крвните садови.
Значи, ако сакате да го зачувате здравјето и функционалноста на вашиот пенис, испијте една чаша црвено вино или изедете некое од овие овошја.