7 работи кои треба да ги практикувате за да бидете здрави како дрен во 2020 година
Ви откриваме кои седум навики треба да ги развиете за да се чувствувате подобро од било кога...
Сите мислиме дека за нашето физичко и психичко здравје со оглед на возраста е најдобро што може да биде, но исто така знаеме дека и секогаш може да биде подобро. Во последните неоклку години научниците дојдоа до бројни откритија во врска со човекото здравје, па многумина почнаа да ги практикуваат нивните совети, пишува NBC News.
Еве што би требало да правите за да бидете здрави како дрен:
1. Нека грижата за сопственото здравје ви биде на прво место
Голем број луѓе најголемиот дел од своето време го посветуваат на работата, поради што другите работи често се запоставени. Но, колку и да си ја сакате работата и да бидете успешни во неа, на прво место треба да ви биде вашето здравје, бидејќи здравиот човек е среќен човек.
За адекватно да се грижите за него, не треба само редовно да одите кај лекар, туку со своите постапки да ја намалите потребата да одите кај него. Би требало да внимавате што јадете, да вежбате доволно и да одржувате добри односи со луѓето за кои се грижите.
2. Добриот сон е пола здравје
Многумина низ животот се вода со реченицата „ќе спијам кога ќе умрам“, не сфаќајќи што му прават на својот организам поради недоволниот сон. Голем број истражувања утврдија дека квалитетниот сон и бројот на саати кои ги поминуваме спиејќи се клучни за добро функционирање на мозокот и имунолошкиот систем, како и за кардиоваскуларниот систем. Оние кои не спијат доволно имаат зголем ризик да заболат од дијабетис и алцхајмерова болест, а нивниот организам потешко се бори со бактериите. Сонот е клучен и за учење и помнење, бидејќи мозокот за тоа време ги чисти непотребните информации кои се наталожуваат во текот на денот.
3. Тренинг за јакнење на телото е во мода
Повеќе не е во тренд да бидеш слаб, туку извајан и силен, а тој тренд се поклопува и со научните откритија. Имено, воспоставено е дека оние луѓе кои вежбаат редовно се поздрави од оние кои не го прават тоа, како и дека подобро функционираат во старост. Тренингот ја подобрува масата во коските, што го намалува ризикот од остеопороза во подоцнежните години, а вежбањето може да биде добро и за когнитивните функции.
4. Обрнете повеќе внимание на менталното здравје
Менталното и емоционалното здравје е многу важно за општа благосостојба. Медитацијата пред само неколку години беше непозната и малку беа оние кои ја практикуваа, но тоа во последно време се менува. Сега постојат и апликации за медитација, а многу популарно е и да се зборува отворено за своето психичко здравје, што како пример го гледаме кај многу јавни личности кои јавно ги изнесоа своите проблеми, поради што се повеќе луѓе кои на време ќе побараат помош ќе се изборат со она што ги мачи.
5. Мирот и тишината се прекрасни работи
Многумина среќата ја поврзуваат со забавни содржини и материјални работи, но не е се во тоа. Некогаш е потребно и да останеме сами со себе и да уживаме во мирот и тишината, да ги собереме своите мисли. Освен тоа треба да се опкрижиме со луѓе кои ни годат и во чие друштво се чувствуваме слободни да бидеме свои.
6. Зеленчукот и овошјето се кул
Во последните неколку години исхраната која се базира на овошје и зеленчук станува се пополарна. Има се повеќе вегетеријанци и вегани, а голем број научници се занимаваат со проучување на позитивните страни на ваквата исхрана. Се испоставило дека оние кои јадат разновидно овошје и зеленчук го ублажуваат процесот на воспаленија во организмот, спречуваат аутоимуни болести, имаат помал ризик од рак и други хронични заболувања.
7. Несогласувањето е здраво
Иако многумина го избегнуваат, конфликтот е многу важен за нашето здравје. Тој не учи да управуваме со зборовите и конструктивно да разговараме во правец на решавање на проблемот. Голем број на луѓе се фрустрирани и нервозни поради избегнувањето на конфликтот, а за тоа не се свесни. Кога ќе го изразите своето мислење, ќе се чувствувате подобро, а на крајот од расправијата ќе дознате нешто и за себе и за оној со кој сте биле во конфликт.