70% од жените го бараат токму ова нешто од мажите!

Науката открива која машка карактеристика најмногу ги привлекува жените..

Често се вртат теми за тоа што точно ги привлекува жените, какви треба да бидат мажите и што воопшто сакаат жените. Некои сметаат дека изгледот е се, други мислат дека машкото однесување ја игра главната улога, а трети сепак сметаат дека парите се главниот адут. Но, едно истражување во кое се испрашани 150 жени од различна возраст излезе со многу поразлични резултати.

Жените кои учествуваа во испитувањето мораа да напишат и да одредат кои мажи ги сметаат за најпривлечни. Тие имаа листа фотографии на кои беа прикажани различни типови на мажи. Некои од нив беа видно богати, друго совршено градени, а трети покажуваа дека имаат шармантни особини.

Иако, жените имаат различно мислење и иако на сосема друг начин ги подредија мажите од најубавиот од најгрдиот според нив, дури 70% од нив се сложија во една работа, а тоа е дека мажите со „врежан“ физички изглед се најпривлечни.

Мажите кои имаат големи раце и гради, видливи стомачни мускули, им се најпривлечни на жените, а научниците објаснија зошто е тоа така.

Станува збор за инстинктивното привлекување кое го делиме со животните. Кога жените ќе видат силен и мускулест маж, нивниот мозок инстинктивно им порачува дека тој маж е силен, дека може да се бори и да ја заштити вашата фамилија, а тоа е она што е најважно во преживувањето и продолжувањето на човештвото.

Тоа е главната причина поради која жените најмногу ги привлекуваат силните мажи. Ова исто така го покажува  и фактот дека се повеќе мажи ја посетуваат теретаната и дека теретаната е моментално најпопуларниот вид на тренирање.