Ова е една од најубавите железнички рути во Европа (ВИДЕО)
Една од најубавите железнички линии во Европа го вклучува луксузниот воз „Ал Андалус“ во Шпанија, чие патување трае седум дена и шест ноќи, а кој тргнува од Мадрид и Севиља.
На рутата на овој воз се наоѓаат некои од најубавите места во централна Шпанија - Кастиља Ла Манча и најјужната покраина Андалузија, градови како Севиља, Кордоба, Кадиз, Мерида и Толедо.
Патувањето со овој воз, сличен на поранешниот Ориент Експрес, им нуди на патниците можност да ја запознаат магичната шпанска покраина Андалузија, опкружена со гламур, со максимална удобност и мени од автентични специјалитети подготвени од врвни готвачи.
Ибериска шунка од Хабуго (Јабуго), маслиново масло и типични јадења од познатата андалузиска кујна, за време на оброците во возот се служат со најдоброто шери (пијалок што потекнува од Андалузија), ликери и чаеви, пишува списанието „Травел“.
За време на патувањето, патниците имаат можност да посетат антички градови, да се запознаат со вековната историја и уметност на маварското владеење во Шпанија, да видат пејзажи од соништата (најголемите плантажи со маслинки во светот) и сето тоа со исклучителното гостопримство на екипажот на овој луксузен воз.
Во овој хотел на шини, сместувањето е во гламурозни, удобни соби од прва класа кои потсетуваат на елеганцијата од 1920-тите, со сопствени бањи, Wi-Fi и панорамски поглед од купе.
Како дел од турата, се организираат екскурзии до места за посета, вклучувајќи ја фасцинантната Голема џамија во Кордоба изградена за време на Калифатот Кордоба, прекрасниот Кадис на брегот, Херез де ла Фронтера - каде што е родено шерито и каде што се одржува андалузискиот коњски танц, средновековните Зафра и Касерес и древна римска Мерида.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Извор: B92.net