„Сè изгледа како сцена од празничен филм, впечаток ми остави панорамското тркало и топлото какао“: Јана од Скопје за божиќниот базар во Дизелдорф
Европските градови веќе се претвораат во вистински зимски бајки со отворањето на традиционалните божиќни базари, кои ги пречекуваат туристите со магична атмосфера, богата понуда и ароми што веднаш ве потсетуваат на празничниот дух. Од Виена до Дизелдорф, овие базари или Weihnachtsmarkt (доколку одите во Германија), стануваат центар на забавата, вкусот и локалната култура, претставувајќи уникатно искуство за сите кои уживаат во празничната магија на Европа.

За Женски магазин, скопјанката Јана Гркова ја споделува својата приказна и искуство од божиќниот базар во Дизелдорф. Едно од највозбудливите искуства е вкусувањето на локалните специјалитети – од традиционалните колачиња и греено вино, до месни деликатеси кои ја доловуваат културата на регионот.
Според Јана, посета на Weihnachtsmarkt е нешто што мора да се доживее барем еднаш: тоа е комбинација од културно искуство, празничен амбиент и можност да се почувствува вистинскиот дух на Божиќ во Европа.
Текстот продолжува на ЖЕНСКИ МАГАЗИН