8 карактеристики кои укажуваат дека врската со неа е губење време
Постојат жени кои
би сакале да останат во вашиот живот, но има и такви кои сакате час побрзо да
си заминат од вашиот живот да се ослободите за да можете да го искористите
вашето време за по пријатни и подобри
работи.
Како да знаете каква е вашата девојка? Погледнете ги 8-те карактеристики што покажуваат дали вашата половина со голема сигурност е губење на вашето време, или го заслужува вашето време и вашата љубов.
1. Секогаш таа да биде на прво место
Само што сте се прибрале дома после напорен ден на работа и не можете да дочекате да и го раскажете вашиот ден и дел од вашите денешни непријатности, но наместо да ве слуша со интерес и да ви постави прашања за детали, таа брзо ја префрла темата за нејзиниот ден.
Ако вашата девојка секогаш ги става своите интереси на прво место, тогаш таа не е особено заинтересирана за вас. Вие одлучувате дали вреди да се биде со некој кој е толку себичен.
2. Нема време за вас
Работата, семејните и социјалните обврски се работи што одземаат време од секој од нас. Но, кога жената е заинтересирана за маж, таа успева да најде време за него, без оглед колку е зафатена. Ако секогаш сте последен во нејзината дневна агенда редовно, не е за вас. Ако се сака виситински ќе се најде време, со добра организација и откажување од понебитни работи наспроти повеќе време поминато со саканиот, ќе се најде начин, ќе се најде и време.
3. Таа зборува за својот поранешен
Сите имаме приказна, но тоа не значи дека треба да биде наша тема за секое утринско кафе. Ако вашата девојка постојано зборува за својот поранешен, тогаш таа веројатно сеуште го нема преболено својот екс. Што пак значи декаможеби вие во нејзиниот живот играте утешна улога, што не е многу пријатно. Подобро да и дадете малку време да биде сама и да си ги среди мислите и приоритетите.
4. Не зборува со вас
Комуникацијата е клучна точка во секоја врска. И, ако таа е еднострана, тоа не е добро. Ако сте оној кој сака да разговара, а таа нема посебна желба да сподели ништо со вас, тогаш веројатно ќе има проблем. Без комуникација нема добра врска.
5. Таа те третира лошо. Вие сте секогаш виновни
Има жени кои, свесно или не, се однесуваат лошо со мажот покрај нив заради перверзна логика. Ако го издржите нејзиниот лош став, тогаш вие сте совршен маж за неа. Но, за вас, ова е игра што во секој случај ќе ја изгубите, ако не престанете да ја играте навреме.
6. Прави да се чувствувате лошо
Доколку постојано ги истакнува вашите недостатоци, редовно ќе ви го расипува расположението или ќе ве натера да се чувствувате недостојни и недоволно добри. Сето ова ќе ве прави несреќни, а идејата да имате здрава врска е да бидете среќни.
7. Таа зависи од вас
Емотивно зависните жени, кои постојано се во улога на дама во неволја, не сугерираат особено пријатна врска. Нема проблем да бидете принцот на бел коњ одвреме на време, но ако тоа ви е секојдневна рутина, порано или подоцна ќе бидете уморни.
8. Таа е неверна
Неверството, можат многу малку врски да го надминат и да продолжат понатаму среќно. Кога не можете да и верувате на жена, во повеќето случаи подобро е да продолжите со вашиот живот без неа.