Последните ПОТОМЦИ на Хитлер: Го кријат своето потекло, никој не знае кои се, а еден од нив сакал да се ожени со Еврејка

Еден од последните роднини на Адолф Хитлер имал намера да се ожени со Еврејка, но веридбата пропаднала кога таа ја дознала шокантната историја на неговото семејство.

Александар, Брајан и Луис Стјуарт-Хјустон се последните потомци на нацистичкиот диктатор, а целиот свој живот го поминале криејќи го контроверзното семејно стебло од светот.

Во своето прво интервју пред повеќе од една деценија, Александар, како најстар од браќата, чие средно име е Адолф, го прекина молкот за да ги негира гласините дека тројцата имале намера да останат сингл за да ја изгаснат лозата на Хитлер. Открил дека еден од браќата, но не спомнал за кој станува збор, планирал да се ожени со Еврејка, но врската не успеала кога таа го открила нивното потекло.

Четвртиот брат Хауард, кој работел како собирач на данок, бил оженет, но починал во сообраќајна несреќа на Лонг Ајленд во 1989 година. Тој немал деца. Соседите од Пачуга, на Лонг Ајленд, каде што живеат браќата, не знаеле ништо за нивното семејно потекло.


Нивниот татко Вилијам Хитлер - кого Александар го опиша како „добар човек“ - бил внук на Фирерот. Нивниот дедо бил Алоис Хитлер, полубрат на Адолф, кој се ожени со жена од Ирска, додека работел како келнер во Даблин.

Тоа е тајна која браќата ја чуваа целиот свој живот.

- Разговаравме и ги сменивме плановите - вели Александар (68), пензиониран психотерапевт. Нивниот татко, кој е роден во Ливерпул и е познат како Вили, се преселил во САД. Тој дури и се приклучил на морнарицата и се борел против Германците - Хитлер против Хитлер бил генијален потег на американската пропаганда.

По војната, тој се повлекол на Лонг Ајленд со неговата сопруга Филис, обидувајќи се да ги спаси своите синови од проклетството на презимето. Тој го сменил своето презиме во Стјуарт-Хјустон, што сега го носат браќата. Браќата се републиканци, но тие не го поддржуваат Доналд Трамп. 


- Она што ме нервира се неговите манири. И едноставно не сакам лажговци. Јас секогаш гласам за оние кои можат најдобро да ја завршат работата - додава тој. 

Тој исто така открива дека ја поддржува политиката на германската канцеларка Ангела Меркел. - Ја сакам. Таа е добра. Изгледа како интелигентна и паметна личност. Таа го прави она што треба да се стори кога станува збор за бегалската криза во Европа - вели тој.

Видео: blic.rs

Фото: Youtube/Discovery UK