ŠKODA освои шест награди „Семеен автомобил на годината“ во изборот на читатели на АУТО Штрасенверкер
-OCTAVIA COMBI освои награда за „Најдобар дизајн“
-OCTAVIA COMBI и SUPERB COMBI ја освоија наградата за „Најдобра технологија“
-SUPERB COMBI беше прогласен за „Најдобра вредност за парите“
-ŠKODA има освоено вкупно 34 награди од првиот избор на читатели на списанието во 2011 година
Читателите на германското специјализирано списание АУТО Штрасенверкер(AUTO Straßenverkehr) ги изгласаа моделите на ŠKODA за „Семеен автомобил на годината“во шест категории. Ова значеше дека чешкиот производител однесе дома повеќе награди од кој било друг бренд-учесник. Вкупно 128 возила се натпреваруваа во три различни категории за „Најдобар дизајн“, „Најдобра технологија“ и „Најдобра вредност за парите“. За секоја од нив, читателите избраа еденавтомобил и еден генерален победник. OCTAVIA COMBI се искачи на врвот во категоријата „Најдобар дизајн“, а исто така ја освои и наградата за „Најдобра технологија“. SUPERB COMBI беше крунисан како „Најдобра вредност за парите“ во целина. Исто така, беше изгласан за автомобил со „Најдобра технологија“ во својата категорија. ŠKODA има освоено вкупно 34 награди од првиот избор на читатели на АУТО Штрасенверкерво 2011 година.
Изборот на „Семеен автомобил на годината“ од читателите во 2020 година се одржа по деветти пат. Во него беа вклучени само седани, SUV и Combi возила со капацитет на багажник од над 400 l и основна цена до 45.000 евра.
ŠKODA има освоено неверојатни 34 награди за „Семеен автомобил на годината“ од 2011 година
Оваа година, вкупно 9.341 читател на германскиот специјализирано списание АУТО Штрасенверкерго дадоа својот глас за своите омилени семејни возила. ŠKODA освои шест награди: три за OCTAVIA COMBI и три за SUPERB COMBI, повеќе од кој било производител, потврдувајќи ја извонредната позицијаna ŠKODA меѓу брендовите на семејни автомобили оваа година. Чешкиот производител, кој годинава ја прославува својата 125-годишнина, ја освојува посакувана титула вкупно 34 пати од првиот избор на читатели на списанието во 2011 година.
Поглед одблиску на резултатите на ŠKODA
Новата четврта генерација ŠKODA OCTAVIA COMBI беше номинирана за прв пат и ги импресионира читателите во повеќе области. Бестселерот на брендот ја освои генералната и наградата за увозно возило за „Најдобар дизајн“ на возила под 25.000 евра и беше прогласен и за омилено увозно возило со „Најдобра технологија“ во оваа категорија.
Исто така, ŠKODA SUPERB COMBI освои неколку признанија „Семеен автомобил на годината“. Автомобилот со средна големина се натпреваруваше меѓу моделите со вредност од 25.000 до 35.000 евра. Беше крунисан воконкуренцијата на „Најдобра вредност за парите“, како увозен автомобил и во целина. Дополнително, се искачи на врвот во категоријата за „Најдобра технологија“ меѓу возилата во својот ценовен опсег.
Читателите истакнуваат: „Возилата на ŠKODA се импресивни семејни автомобили“
Моделите на чешкиот производител освоија поени со нивниот извонреден простор за патниции багаж или намирниците од неделното пазарење. Нивниот концепт за флексибилен простор обезбедува дополнителни придобивки: седишта на преклоп и многу едноставни детали, вклучувајќи куки за торбички, држачи за пијалаци, прегради и мрежи во багажникот, кои обезбедуваат максимална функционалност. Покрај тоа, возилата на ŠKODA, претставуваат најсовремена безбедност, редовно постигнувајќи максимален рејтинг на тестовите наEuro NCAP.