A1 Македонија почна нов циклус работилници за едукација на децата за безбедно користење интернет
Едукативната програма за деца „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!“ во организација и реализација на А1 Македонија продолжува и во учебната 2024/2025 година. Новиот циклус работилници почна во ООУ „Коле Неделковски“ во Скопје за учениците од четврто одделение.
„Продолжувањето на проектот е одговор на растечката потреба за дигитална писменост во денешниот онлајн свет. Работилниците ќе опфатат широк спектар на теми, вклучително и заштита на личните информации, разбирање на сајбер насилството, вештачката интелигенција, идентификување на онлајн ризиците, како и промовирање здраво онлајн однесување. Како што технологијата продолжува да се развива, така се развиваат и ризиците со кои се соочуваат децата на интернет. Нашите искусни волонтери се подготвени и оваа година да им помогнат на најмладите интернет-корисници безбедно да се движат низ светот на интернетот и среќни сме што ќе им ги овозможиме овие работилници на децата“, изјави Елена Димовска, раководителка на Одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.
“Живееме во дигитална ера и од суштинско значење е да ги опремиме најмладите со знаења и вештини за безбедна навигација на интернет. Ја поздравувам иницијативата на А1 Македонија која со години посветено ги учи учениците како да ги препознаваат ризиците на интернет, да ги почитуваат дигиталните граници и да ги заштитат нивните лични информации. Заедно со наставниците и родителите имаме за цел да создадеме безбедна онлајн средина каде што нашите деца ќе можат да учат, истражуваат и да растат самоуверено“ – изјави директорот на училиштето, Александар Христовски.
За „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно!“
„Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“ е дел од ESG проектот на Групацијата Телеком Австрија, со која сите членки на Групацијата се обврзуваат на одржливо работење и вложување во заедницата, првенствено за дигитална писменост на најразлични возрасни групи.
Во рамките на проектот, предавањата од 2018 година досега ги проследиле повеќе од 5000 четвртоодделенци, од 54 училишта и 13 града во земјава.
Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието.
Повеќе информации за едукативната програма „Интернетот не е само игра. Кликај безбедно“ се достапни на веб-стрaницата на А1 Македонија на
ПР објава