АБА: МЗТ Скопје поразен од Мега, продолжува борбата за опстанок
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и покрај голема желба, сепак, не успеаја да триумфираа на денешното гостување кај Мега МИС (86-93), во меч од 21. коло кој се одигра во невообичаен теремин точно на пладне и кој дефинитивно одеше во полза на домашниот тим.
Сино-белите добро го почнаа мечот, одлично му парираа на агресивниот противник, па на стартот од втората четвртина поведоа со плус осум (30-22). Но, белграѓани умешно ја користеа голема предност во височина, што им носеше лесни поени под кошот, но и многу слободни фрлања, кои ги изведоа дури 13 повеќе од нашиот тим (22-35). Тоа им донесе пресврт до крајот на вториот период, а во третата четвртина со серија 11-0 дојдоа до високи плус 13 (55-42), кои се покажаа како недостижни за четата предводена од тренерот Драган Николиќ.
Мајк Кефи втор меч по ред беше најдобар во нашиот состав со 18 поени, четири скока и пет асистенции, додека веднаш зад него беа Абдул-Малик Абу со 17 поени и пет скока и Кеандре Кук со 15 поени и осум скока. Никола Ѓуришиќ со 20 поени беше најпрецизен кај Мега МИС.
МЗТ Скопје со овој триумф останува на четири победи во пресрет на исклучително значајниот дуел следната сабота на домашен терен против Игокеа (17 часот).