Спорт // Спорт
                    
                    
                
                
                Абердин за Миовски платил над половина милион фунти
 
                    Бојан Миовски следните четири години ќе биде играч на Абердин од Шкотска.
Абердин го потврди договорот со македонскиот напаѓач и член на репрезентацијата.
Миовски од МТК се сели во Шкотска, за унгарскиот тим запиша девет гола на 22 натпревари.
Стигнаа и детали за висината на трансферот на македонскиот репрезентативец, „Скотсман“ јавува дека Абердин на МТК му платил нешто над половина милион фунти, односно тврдат дека исплатиле 536.000 фунти. 
                    