„Абортирав кога бев млада, ако имав дете немаше да имам кариера“: Џоан Колинс откри кој е виновникот за загубата на бебето

Деведесет годишната, Џоан Колинс одлучи да раскаже нешто повеќе за Холивудскиот начин на живот. Во своите мемоари „Behind the Shoulder Pads“, Колинс опишува како се борела против сексуалните напади од страна на филмските изведувачи откако Мерлин Монро ја предупредила за холивудските „хиени“.

-Вдишувајќи чад од пура спроти мене, рече: „Немаше никој додека не ме најде, душо. Јас сум најголемиот и најдобар и можам цела ноќ. Бев толку шокирана, па само истрчав назад кон сетот, изјавила актерката.

Актерката пишувала и за абортусот на 26-годишна возраст откако забременила со тогашниот вереник Ворен Бити. Таа се сеќава на моментот кога му ја соопштила веста на својот партнер:

-Бремена? „Како се случи ова? Изјавил тој а таа му возвратила саркастично : Тоа е на Батлер. Или можеби е безгрешното зачнување

-Ова е страшно, изјавил тој, вели актерката.

Таа додаде дека 60-ти биле мрачни денови за жените и девојчињата. Абортусот тогаш беше нелегален секаде. Плашејќи се дека ќе заврши лошо во скриената клиника, таа заминала кај поранешен хирург во Њу Џерси. Утрото кога била закажана процедурата, Колинс се обидела да се повлече од неа, но, 23-годишниот Бити, чија кариера само што почнала, ѝ рекол: „Душо, не можеме..., се сеќава таа.

Клинс потоа доби три деца, Тара и Саша Њули, со нејзиниот втор сопруг, актерот и композитор Ентони Њули, и Кејти, со нејзиниот трет сопруг Рон Кас, а има и четири внуци.

-Да имав дете во 20-тите години, немаше да имам кариера, заклучила таа.

Фото:youtube