Ацо Пејовиќ се стопи со неверојатна брзина, сѐ виси на него: Ослабе 30 килограми исфрлајќи само една намирница

Ацо Пејовиќ ослабе со неверојатна брзина

Ацо Пејовиќ ослабе триесетина килограми, а тврди дека тоа го направил откако престанал да пие алкохол. Ацо Пејовиќ последниве години ја доведе линијата во ред и како што вели може да им се заблагодари на поздравите животни навики. Имено, пејачот целосно се откажал од виното кое со години го консумирал секојдневно.

-Не сум испил капка вино откако почнав да се хранам правилно! Веќе некое време се воздржувам... Слатките ми се помалку проблем, бидејќи не ги јадам. Шеќерот веројатно го надополнив со виното што го пиев секој ден. Знаете како е во нашата работа. Седнуваме, во кафеана, ручаме, со тоа оди вино, па се опиваме и така до доцна. Сите ние пејачите знаеме како е кога ќе седнат во кафана. Има деловни состаноци, а ако некој сака вака да излегува приватно, тогаш секако дека ќе се здебели од алкохол. 

- Дури тогаш почнав да слабеам - рекол Ацо за медиумите, пренесува Блиц.

Да потсетиме, Ацо неодамна со семејството го прослави 30-тиот роденден на најстарата ќерка Магдалена, а во неколку наврати истакна дека семејството е центарот на неговиот свет и дека најмногу се гордее со академските достигнувања на својата ќерка.

- Во приватниот живот имав лични загуби кои ги поднесов многу тешко и од кои се‘ уште се опоравувам. Сепак, има и оние многу среќни моменти како дипломирањето на Медицинскиот факултет на мојата средна ќерка Марија. Таа ме направи најгордиот татко на светот. Сите тројца секој ден ме прават горд татко. Јас и Билјана сме му благодарни на Бога за луѓето во кои пораснаа нашите ќерки. Морам да признаам дека завршивме одлична работа како родители – изјави во една прилика, напиша Мондо.


Фото: Youtube - screenhsoot