Адел стави заби на увото и го урна интернетот: Пејачката објави и нешто друго

Облечена во Скијапарели, во заносен фустан од колекцијата на висока мода на брендот, пејачката Адел конечно се појави во издание кое го обиколи светот.

Изгледа подобро од било кога на новите фотографии што ги објави на својот профил на Инстаграм. 

Најмногу го привлекува вниманието нејзиното тело, ослабе драстично и сега е нењпрепознатлива. Ама, фановите забележаа еден детаљ. Обетките на увото во форма на заби надополнети со голем бисер.

Но не го објави само тоа...

Пред една година, почна да се шпекулира дека Адел можеби е во врска, но никој не беше сигурен со кого. Но, сега нема сомнение, Адел е во врска, а нејзиното момче е Рич Пол, спортски агент. Иако не можевме да ја видиме на Мет Гала, таа имаше друг голем настан затоа што објави тотално гламурозни фотографии за викендот.

Пејачката не објавува често на Инстаграм, па кога објавува нешто, сите очи се вперени во нејзиниот профил. Таа објави три фотографии со наједноставен опис - црвено срце. Со оглед на тоа што веќе некое време се сомневаше дека Рич Пол е нејзиното момче, а сега објави фотографија со него и го стави срцето - сите веднаш претпоставија дека тоа значи дека сега и официјално се заедно.