Спорт // Спорт
Адеми ќе заработува речиси 2 милиони евра, се сели во Кина
Ардијан Адеми ќе игра во Кина, а Динамо Загреб ќе инкасира еден милион евра отштета.
Капитенот на „модрите“ и македонски репрезентативец, ќе заработува 1.650.000 евра по сезона.
Адеми според најавите. последниот натпревар на Максимир ќе го одигра на 19 март против Риека.
Адеми заминува како играч со најмногу трофеи во историјата на Динамо. 11 пати го освојуваше првенството на Хрватска, шест пати Купот и три пати Суперкупот.