Адвокатот на Toшиќ подготви документи за развод, но Јелена изјави дека не се откажува од Душко - oвие зборови ја кинат душата
Изјавата на Јелена
Карлеуша откри дека разводот можеби сепак нема да се случи
Помина повеќе од еден месец откако поп дивата Јелена Карлеуша објави дека се разведува од фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ. Но, истото се‘ уште не се случило, а се шпекулираше дека славната двојка се смирила, но адвокатот на Тошиќ, Никола Премовиќ, тоа го демантираше:
- Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се во преговори за спогодбен развод. Јас сум во контакт со Јелена и нејзините адвокати и се надеваме дека наскоро ќе се постигне мирно и спогодбено решение, пред се имајќи ги предвид интересите на нивните малолетни ќерки. Во име на мојот клиент ги демантирам сите други медиумски наводи поврзани со таа тема како невистинити - изјави Премовиќ.
Сепак, она што само го кажа Јелена укажува дека славниот пар сепак може да се смири.
Имено, кога даде изјава по спектакуларниот концерт во Лесковац, Јелена не сакаше да зборува за врската со Душко, но сепак напомена дека разводот можеби сепак нема да се случи.
- Во оваа прилика не би сакала да зборувам за приватни работи. Имав многу концерти, работев хуманитарна работа. Задоволна сум, задоволна сум и како го прославив роденденот. А кога станува збор за развод, не е ниту време ниту место да се зборува за тоа. Можам само да повторам дека не сум се развела, а доколку тоа се случи ќе ве известам за тоа - изјавила Јелена, што наведе многумина да помислат дека Карлеуша сепак не се откажала од Душко.
Јелена Карлеуша неодамна беше цел на напад на нејзиниот долгогодишен пријател и колега Аца Лукас, кој упати низа навредливи изјави за неа, а пејачката во интервју за Story откри дека ова не е прв пат некој да ја нападне, туку дека отсекогаш се бранела и дека никогаш немала заштита од маж:
- Ниту еден маж никогаш не ме заштитил, вклучително и мојот. Секогаш ме навредуваа и понижуваа, а никој не помисли да ме брани како жена - признала Јелена и додала:
- Она што сум јас, веќе не чувствува болка, ниту удари, ниту понижување, ниту тага... Чувствува само желба за преживување и многу често за одмазда, за жал.
Фото: Инстаграм