„Аџибадем Систина“ ги намали цените на PCR и антигенскиот тест

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали цените на тестовите за детекција на присуство на коронавирусот (PCR) и антигенскиот тест.

„Аџибадем Систина“ им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба во овој период од тестирање, па новата цена на PCR-тестот изнесува 1.900 денари. Достапен е и фамилијарен пакет за тестирање над три члена од семејството по цена од 1.600 денари по лице. Дополнително болницата нуди и  пакет групно тестирање за над 30 членови  за компании каде цената за еден тест чини 1.500 денари, доколку тестирањето се одвива во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Нудиме и опција на групно  тестирање (повеќе од 30 лица)  на терен  каде цената  изнесува 1.800 денари.

Во дијагностичките лаборатории на „Аџибадем Систина“  се нуди и брз антигенски тест  по промотивна цена од 900 денари по лице. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најголемата приватна лабораторија на Балканот и е единствената во која се изведуваат сите видови тестирања за Ковид-19.

Резултатите се издаваат истиот ден, а тестирањата се без закажување.

За граѓаните кои имаат потреба од брзи резултати достапен е и ургентниот PCR-тест по намалена цена од 7.000 денари. Резултатите се добиваат за 2 часа.

ПР објава