Спорт // Спорт
Ајнтрахт Франкфурт победник во Лигата на Европа, прв трофеј по 42 години пауза
Ајнтрахт Франкфурт е победник во Лигата на Европа, германската екипа во финалето го победи Глазгов Ренџерс со 5-4 на пенали, во регуларните 90 и продолженијата беше 1-1.
Џон Арибо во 57 минута го доведе Глазгов во водство, а Ајнтрахт израмни во 69 минута преку Сантос.
Во пенал серијата Рамзи не беше прецизен од белата точка, а во петтата серија Рафал Сантос погоди и му донесе трофеј на тимот од Германија.
ВИДЕО:
https://twitter.com/dribling2021/status/1527152505691455488
Ајнтрахт следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, ќе заработи и 8,6 милиони евра од победата на финалето, а Глазгов речиси 5 милиони евра.