Академија Пандев гостува кај Лехија Гдањск, тренерот Стојчев потенцира дека тимот е подготвен за ново докажување

Вечерва го Гдањск, екипата на Академија Пандев гостува кај Лехија, средбата започнува од 20-15 часот, натпревар од Конференциската лига.

Гјорге Стојчев, тренерот на нашиот тим од Струмица, истакнува дека има млад тим кој сака да се докажува.

„Ова е само втор настап во Европските натпреварувања за нас, голем успех е, шанса да се промовираме, ние како клуб, но и како македонски фудбал. Ја анализиравме Лехија, имаат квалитетен тим, и многу добри индивидуалци. Во спортот се е можно, а ние ќе дадеме се од себе да оствариме добар резултат. Имаме млад тим кој сака да се докажува“ – рече тренерот на Академија Пандев.