Аки Ракимовски и групата Парни Ваљак тивко донираа на граѓаните од разорниот земјотрес во Петриња и Глина
Една жителка на Глина, градот после Петриња најтешко поголен од катастрофалниот земјотрес во Хрватска на Фејсбук откри дека нејзините сограѓани добиле донација од групата Парни Ваjак.
Имено, бендот тивко, за да не се објави никаде, купи четири машини за перење и четири сушари за да можат бездомните граѓани да имаат каде да ја мијат и исушат облеката.
„Ви благодарам многу од името на целиот град на групата Парни Ваjак за донирање на 8 апарати (4 машини за перење и 4 сушари) кои се наоѓаат на СРЦ Бановац и ќе бидат пуштени во употреба за да можат да дојдат бездомни граѓани и да ја измијат и исушат облеката. БЛАГОДАРАМ што не мислите и се грижите “, напиша Андреја со фотографиите од пристигнатите уреди.
Овој гест ги воодушеви нејзините пријатели на Фејсбук кои беа полни со пофални зборови.
„Браво“, „Благодарам“, „Браво, колку е големо срцето“, „Најдобри и најголеми“, беа само некои од коментарите.