Акни кај возрасни мажи: Причини и превенција

Кај повеќето луѓе, појавата на акни е предизвикана од промени на нивото на хормоните. Овие хормони произведуваат масла кои можат да се заглават во порите, што најчесто предизвикуваат развој на бактерии.

Мажите, чии татковци имаат акни се изложени на поголем ризик од акни.

На појавата на акни може да влијае и земањето на одредени лекарства, кои се користат за лекување на биполарно растројство и кортикостероиди.

Најчести места на појавување на акните

Акните кај мажите обично се јавуваат на лицето и грбот. Потењето на високи температури или при вежбање, може да ја влоши ситуацијата. Мозолчињата на грбот се потешки за контрола од оние на предната страна, но добрата вест е дека само неколку луѓе можат да ги видат.

Најдобрата превенција

Негувајте ја кожата. Исчистете ја со средства за чистење на лице. Препорачливо е најмалку два пати дневно да го миете лицето. Користете исклучиво чисти крпи кога го бришете лицето.

Бидете внимателни при бричењето. Користете нов брич секој пат. Ако бричењето претставува проблем за вас, обидете се да користите машинка за бричење и не е препорачливо да ја користите премногу близу до кожата.

Упорни акни

Ако вашите акни, и покрај добриот третман за превенција, не исчезнат, најдобро е да се консултирате со дерматолог за да ви препишете соодветни лекови, а можеби дури и антибиотици.