Ако доаѓате во Дубаи, ќе имате опција за ЛЕТАЧКО ТАКСИ: Планот е да се вози со брзина од 320 км/ч, а цената на возењето...

Американската компанија „Џоби Авиејшн“ планира следната година да лансира комерцијална услуга за летачко такси во Дубаи, користејќи целосно електрични авиони со брзина до 320 километри на час.

Џоби неодамна стана првиот оператор на електрично воздушно такси што полета во Обединетите Арапски Емирати, а технологијата се развива паралелно во воздухопловната база Едвардс во Тексас и во ОАЕ.

Се започнува со апликацијата

Тест пилотот Питер Вилсон го оцени авионот како „исклучително стабилен и лесен за летање“, додавајќи дека шесте пропелери обезбедуваат дополнително ниво на безбедност.

Според компанијата, цената на возењето ќе биде споредлива со услугата на Убер. Сепак, услугата нема да биде директно „од врата до врата“.

Патниците ќе ја користат апликацијата за да го повикаат авионот до специјализирани вертипорти - четири се планирани во Дубаи, вклучувајќи го и оној на аеродромот Ал Мактум.

По слетувањето, превозот до крајната дестинација ќе биде обезбеден со автомобил.


Драматично потивко од хеликоптер

„Џоби“ изјави дека 45-минутното патување од аеродромот до центарот на градот може да се скрати на само 10 минути, бидејќи авионите летаат на надморска височина од 450 до 900 метри, со дострел од околу 160 километри.

Главниот извршен директор на компанијата, Џо Бен Бевирт, рече дека дизајнот на авионот е оптимизиран во текот на 16 години за да биде „драматично потивок од хеликоптер“, практично тивок во лет.

Бидејќи е авион на батерии, секој вертипорт мора да има полначи за да го одржи ритамот на летот.

Бевирт изјави дека Дубаи би можел да биде првиот град што ќе воведе таква услуга, но дека очекува неколку американски градови наскоро да се приклучат, и покрај регулаторните предизвици.