Ако ви здодеа „doggy“, пробајте ја оваа секс поза: Жените ја сакаат, а одлична е и за вашето здравје

Некои работи во животот се толку добри што сакаме да ги правиме одново и одново, без многу промени. Според експертите, сексот не е една од нив

Дури и оние парови со најжешката искра понекогаш имаат потреба од промена за да го зачинат сексуалниот живот и да се поврзат на подлабоко ниво. Интимноста е исклучително важна за силни и стабилни врски, а ако веќе однапред знаете како ќе изгледа сексот со вашиот долгогодишен партнер, тоа е сексуален аларм.

Испробувањето различни секс пози може да направи чуда за вашата врска. Експертите сметаат дека на тој начин се развива доверба меѓу партнерите, а довербата е клучот за успешна и долга врска. Ако ви здосади мисионерска, каубојска или кучешка поза, пробајте го новиот секс тренд - жаба поза.

Froggy – поза за новите страници на Кама Сутра

Научниците, проучувајќи ги бизарните сексуални навики на водоземците, открија иновативна сексуална поза за која веруваат дека ќе го промени концептот на женското задоволство. Ова истражување може да послужи како инспирација за нова страница на Кама Сутра.

Станува збор за варијација на добро познатата обратна каубојска поза. Мажот седи на работ од креветот, со стапалата цврсто засадени на подот. Жената треба да седне на него, со свртен грб, а нозете да ѝ бидат широко раширени и споени со петите.

Инспирацијата за оваа поза доаѓа од јогата, која има бројни придобивки за нашето здравје. Оваа поза е одлична за циркулација, помага при болки во колковите, хемороиди и помага за нормално функционирање на дигестивниот систем. Жената во жаба поза е во преден план за да може да го контролира сопственото задоволство со поставување на темпото.

Забавен, пријатен и различен секс

Ако преферирате doggy, пробајте ја оваа интересна поза - froggy. Иако е инспирирана од скокањето на жабите, оваа поза не вклучува прескокнување преку партнерот за време на сексот. За да уживате во оваа поза, треба да се спуштите на колена и раце, како во кучешката поза, но треба да го потпрете челото на креветот додека ги кревате колковите во воздух.

На овој начин можете да го обезбедите најмоќниот секс досега. Идеален е за парови кои уживаат во подлабока пенетрација. Тоа е забавна, удобна и различна поза, а ако додадете перници, ќе имате незаборавно искуство, вели Џенет Брито, клинички психолог и секс терапевт во Центарот за сексуално здравје на Хаваи.

Извор: krstarica.rs