Аларм во зоолошка во Сиднеј: Лавови накратко излегле да се „прошетаат“ од заградениот простор
Зоолошката градина Таронга е најголемата во Сиднеј и моментално има седум лава, двајца возрасни и пет младенчиња.
Неверојатно информација простигна од Сиднеј. Лавови накратко избегале-како ли успеале да излезат од оградениот простор, се поставува како прашање.
Инцидентот се случил утрово а не е познато како пет лава успеале накратко да побегнат од нивното заградено место во зоолошката градина Таронга, поради што беше издадено предупредување за опасност и посетителите кои присуствуваа на ноќната програма во зоолошката градина се засолниле.
Предупредувањето за опасност беше издадено откако видео снимката во зоолошката градина покажа четири младенчиња лавови и еден возрасен лав надвор од нивната заградена просторија во 6.30 часот по локално време, иако тие сè уште беа во област одвоена од остатокот од зоолошката градина со ограда висока малку под два метри, објави Ројтерс.
Полицијата ги придружуваше посетителите на зоолошката градина на безбедно и нема повредени, објави британската агенција. Чуварите во градината се смириле и едно младенче лав го вратиле во заградениот простор, а другите четири сами се вратиле, така што крајот на опасноста бил прогласен во девет часот по локално време. Сѐ уште не е познато како лавовите успеале да излезат од нивната ограда. Зоолошката градина Таронга е најголемата во Сиднеј и моментално има седум лава, двајца возрасни и пет младенчиња.