Автомобили // Автомобили
Албанија ќе излезе на пазарот со суперавтомобил: Illyrian Pure Sport
Ова е првиот албански суперавтомобил кој има карбонско аеродинамично тело, голем заден спојлер и вертикално поставени LED фарови. Arrera Automobili е нова компанија основана од Кендрим Тачи и се надева дека Illyrian Pure Sport ќе го доведе до процес на производство.
Го придвижува Chevrolet V8 6.2-литарски твин-турбо мотор (850 КС), со погон на сите тркала. Силата се пренесува преку 8+степен автоматски менувач со двојна спојка Tremec. Автомобилот од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 2,7 секунди, а максималната брзина е 375 km/h.