Алкохолот дејствува поинаку на сиромашните и богатите
Норвешки лекари открија необични законитости - употребата на големи количини на алкохол го зголемува ризикот од инфаркт и други смртоносни болести на срцето и крвните садови кај сиромашните, но не и кај богатите луѓе.
Во истражувањето објавено во списанието „PLoS One“, се наведува дека во последните години биолози и лекари наоѓаат се повеќе докази дека долготрајната употреба на алкохол не само што води до цироза на црниот дроб и нарушувања во работата на мозокот, но и на други исклучително тешки последици.
На пример, минатата година научници утврдиле дека злоупотребата на алкохол ја зголемува веројатноста за развој на седум видови рак и доведува до голем број на проблеми поврзани со работата на белите дробови, поради придружните нарушувања во циркулацијата на азотен оксид во телото.
Ерик Дегеру и неговите колеги од Норвешкиот институт за јавно здравје во Осло, провериле како употребата на големи количини алкохол влијае врз здравјето на срцето и крвните садови на луѓето, набљудувајќи ја здравствената состојба на околу 200 000 Норвежани во последните 50 години. Се интересирале претежно за тоа како различни негативни фактори, како што се јадење на брза храна, цигарите или алкохолот, може да го променат начинот на кој алкохолот влијае на здравјето на срцето и крвните садови.
Овие набљудувања неочекувано покажаа дека алкохолот има многу поинаков ефект врз богатите и сиромашните луѓе. Иако сиромашните во просек користеле помалку алкохол отколку богатите, пиењето на големи количини драстично ја зголемува веројатноста од предвремена смрт од инфаркт, атеросклероза и други проблеми со кардиоваскуларниот систем.
Од друга страна, умерена консумација на алкохол, не повеќе од 2-3 пати неделно, напротив - ја намалува веројатноста од смрт од кардиоваскуларни болести, и овој поволен ефект повторно е посилно изразен кај богатите луѓе (33%), отколку кај сиромашните (18%).
Само во најекстремните случаи, кога и богатите и сиромашните прават пиенки речиси секоја недела, судбината е слична, често умираат од срцеви заболувања.