Анчелоти најавува нов спектакл и пласман на Реал во финалето на Лигата на шампионите

Реал Мадрид го пречекува Манчестер Сити  вечерва на „Бернабе“ од 21 часот, има негатива од еден гол, првиот меч во Англија заврши со спектакуларни 4-3.

Карло Анчелоти најавува нов фудбалски спектакл, и пласман на Реал Мадрид во финалето.

„Не очекува нов спектакл, нов добар натпревар, одлична атмосфера, моите момчиња се подготвени, сакаме ново финале во Лигата на шампионите. Ние имаме добар тим, играме тимски, имаме одлични поединци, ако победиме  и одиме во финалето, тоа ќе биде така поради нашата неверојатна комбинација во тимот, тимска и индивидуална во однос на квалитетот“ - рече Анчелоти.