Анџелина Џоли го прослави својот 46.роденден, но зошто се облече во жолто? Фустанот има силна симболика

Анџелина Џоли е позната по беспрекорниот стил на облекување. Чисти линии, скоро без дезени на облеката, најчесто носи ултра- модерни креации и секогаш е во центарот на вниманието. Овој пат, тоа го стори во жолт фустан.

Иако најчесто носи исклучиво црна и сива облека, холивудската актерка реши да направи значителна промена во својот стил за роденденот.

Филмската sвезда викендов го прослави својот 46-ти роденден, во друштво на своите деца.

Вечерала во популарниот азиски ресторан „Тао“ во друштво на Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (15) и близнаците Вивиен и Нокс (12), и додека нејзините деца беа полежерно облечени , Анџелина одлучила да биде поелегантна!


Џоли избра модел со средна должина во кој изгледа - како и обично - волшебно. Таа се одлучи за фустан со долги ракави, се сече веднаш под градите, од каде што паѓа во форма на крој А, а го красат слоеви благодарение на што е многу лелеав и женствен. На тој начин, ја издолжува фигурата, а бројните слоеви на тул постигнуваат облините да бидат суптилно нагласени.

Но, зошто жолта боја? Бидејќи познатите често преку облека праќаат пораки, експертите за мода вдруваат дека ова е фустан (конкретно бојата) кој симболизира надеж, верба, борба, односно сето она што годиниве го правеше Анџелина за да добие целосно старателство над децата. Судот пресуди за заедничко старателство на Енџи и Бред Пит, но таа со овој фустан„ вели дека нема да се откаже“.



извор:GLOSSY
фотографии:profimedia