Анџелина Џоли призна дека пред разводот добила сериозно нарушување на здравјето: Стресот ми предизвика парализа

Актерката Анџелина Џоли во своето последно интервју раскажа многу детали од својот живот и што би правела доколку не е актерка, но и со што се бори.

-Денес не би ја одбрала професијата актерка. Кога почнав, немав никакви очекувања ниту пак мислев дека се ќе биде толку јавно, што ќе морам толку многу да споделувам со јавноста – ја започна Џоли својата исповед за „Вол Стрит“.

Како што рече, повеќе од две децении поминати под толку интензивен јавен интерес го направија своето, а се се интензивираше по нејзиниот развод со Бред Пит. Актерката појасни дека тоа што е во медиумите поради разводот и предизвикало толку голем стрес што во 2018 година, за време на снимањето на продолжението на Дизни „Злобна љубовница 2“, забележала дека нејзиниот глас целосно се променил од моментот кога го снимала првиот дел.

- Моето тело реагира на стрес, ми се покачува шеќерот, а шест месеци пред разводот наеднаш добив Белова парализа - признала таа, како и дека додека живеела во Лос Анџелес немала социјален живот. Таа откри дека планира засекогаш да се оддалечи од Лос Анџелес и да помине повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа.

- По разводот ја изгубив можноста да живеам и слободно да патувам. Ќе се преселам кога ќе можам, бидејќи од сите места на светот, Холивуд не е здраво место за живеење - изјавила актерката.
Имено, Анџелина е мајка на шест деца - Медокс (22), Пакс (20), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15), а во ова интервју откри дека тие не се само нејзини децата туку и нејзинитенајдобри пријатели.

Ние сме седум различни луѓе и тоа е нашата сила. Моравме да се излечиме. Има работи од кои моравме да се излечиме – рекла таа.

Инаку, Џоли се разведе од Пит во 2016 година, а се венчаа две години претходно. Деталите за нивната врска излегуваа често во јавноста, а во 2022 година Џоли поднесе тужба против нејзиниот поранешен сопруг во која упати сериозни обвинувања против него. Таа детално го опиша инцидентот што се случил во 2016 година во приватен авион и изјави дека имало злоупотреба. Помеѓу сопружниците настанала расправија, а потоа, како што тврдела, и физичка пресметка.

Фото: Јутјуб/ Принтскрин
Извор: www.b92.net