Ангела Меркел: Учете од грешките, не е играчка коронавирусот
Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот го опиша неодамнешниот бран на инфекции со коронавирус ширум Европа како „сериозен“, додека исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да научат од грешките направени кога пандемијата првпат го погоди континентот претходно оваа година.
Карантинот предизвика пад на бруто домашниот производ, а Меркел им рече на локалните претставници на Европскиот комитет на регионите: „Ние мора да покажеме дека ја научивме нашата лекција“.
„Мораме да ги замолиме луѓето од Европа да бидат претпазливи, да ги следат правилата, да се држат на дистанца, да ги покриваат устата и носот и да сторат се што можат за да го елеминираат вирусот, а притоа да ја одржуваат економската активност“, додаде германската канцеларка за време на видео конференцијата.
Предупредувањето од Меркел дојде во моментот кога Светската здравствена организација соопшти дека во Европа се регистрирани повеќе од 700.000 нови случаи со коронавирус - рекордно високо ниво за континентот и скок од 34% на резултатот од претходната недела.
Минхен стана последниот голем град кој го надмина клучниот праг на коронавирус во Германија. Во главниот град Берлин, властите спроведоа ноќен полициски час - прв по 70 години - како одговор на драматичното зголемување на случаите со КОВИД-19. Од сите деловни активности во Берлин се бара да затворат до 23 часот. барем до крајот на октомври. Бројот на луѓе дозволени за средби надвор навечер е ограничен на пет.
Состанок на сите државни премиери во Германија
Во меѓувреме, Германија мора да се согласи на националните правила за да се спречи ширењето на вирусот, рече премиерот на Баварија.
Говорејќи пред состанокот меѓу канцеларката Меркел и премиерите на сите 16 германски држави во средата, Маркус Содер рече дека следните четири недели ќе бидат клучни за тоа дали Германците можат да го слават Божиќ на опуштен начин.
„Сега мора заеднички да го поставиме курсот, во спротивно постои опасност тој да излезе од контрола“, рече тој.
Содер повикува на поширока употреба на маски, вклучително и задолжително носење во лифтови, додека прославите треба да бидат помали и поконтролирани.
Германија доживеа релативно ниска стапка на инфекции и смртност во споредба со нејзините европски соседи, но бројот на дневни случаи се зголеми во последните неколку недели со предупредувањето на Меркел дека би можеле да има 19.200 инфекции на ден доколку продолжат сегашните трендови