Апокалипса Hellfire 6х6- Ѕвер во секоја смисла, несопирлива машина
Слободно можеме да кажеме дека е едно од најлудите теренски возила што сме ги виделе во последно време, и се чини дека е совршен модел за бегство доколку навистина се случи зомби апокалипса.
Сепак, компанијата понуди и нешто уште полудо од овој модел. Hellfire 6x6, премиум луксузно возило, кое се базира на моделот Jeep Gladiator. Тоа е машина што може да ве извлече од секакви проблеми и секаков вид апокалипса.
Со тежина од околу три тони, Hellfire 6x6 е вистински ѕвер. Модифицираниот модел има вистински распоред 6x6 со средна оска патентирана од оваа компанија и осумстепен автоматски менувач позајмен од Ram 3500 HD.
Се напојува со мотор Corvette LS3 кој произведува 500 коњски сили, но од компанијата велат дека е достапна малку помоќна верзија со Hellcat V8 која може да произведе до 707 КС. И додека надворешноста изгледа нескротлива и дива, внатрешноста е практично недопрена.
Кабината е обвиткана со кожа, додека моделот има и големи екрани и инфрацрвена камера со панорамски поглед. Ако ви се допаѓа, знајте дека можете да го купите по цена од 150.000 до 250.000 долари.