Тренд // Стил
Апсолутен владетел на женските комплименти: Mancera Cedrat Boise
Ако сакате да влезете во соба каде што има десет девојки и сите во еден глас да кажат ‘ПРЕКРАСНО МИРИСАТЕ’, не барајте повеќе. Овошје, многу кожа, зачини, дрвени ноти, интересна мешавина што победува без конкуренција. На мажите можеби нема да им се допаѓа најпрвин затоа што парфемот Mancera Cedrat Boise може да ве задуши со кожна нота по некое време.
Врвните ноти се сицилијански лимон, црна рибизла, бергамот и зачини со вкус; средните ноти се овошни ноти, лисја од пачули и воден јасмин; основни ноти се кедар, кожа, сандалово дрво, ванила, мов и бел мошус.