Aramis е создаден 1966 година, за мажи кои ја ценат традицијата и класиката и затоа овој парфем е секогаш во мода. Најпродаваниот на сите времиња.
Неговата композиција ја сочинуват дрвени, остри ноти, многу силни и многу машки. Aramis е еден од ретките современи мириси во кои јасно се чувствува многу препознатлива интензивна нота на кожата. Во сопственост е на компанијата „Estee Lauder“.
Многу е популарен кај Американците кои секогаш даваат предност на силните парфеми. Почетните ноти му се во знакот на свежата зелена трева, зачинети со ким.
Срцето на парфемот е дрвено со пеларгонија која поседува интензивен цветно- зачински ароматичен мирис. Парфемот завршува со силна нота на кожа.